Германска Marquardt објави инвестиција вредна 35 милиони евра

Bez autora
Dec 12 2013

Германската компанија Marquardt, познат добавувач во автомобилската индустрија, ќе гради фабрика во Велес за производство на електронски продукти со висока технологија како составни делови на германски автомобили. За таа цел во четвртокот во Скопје, во присуство на премиерот Никола Груевски, министерот задолжен за странски инвестиции, Веле Самак, потпиша договорот со потпретседателот за финансии на Групацијата Marquardt, Луџер Шонекер, тежок 35 милиони евра и кој ќе донесе нови 500 вработувања. Зборот кој го дадовме во март се исполнува. Оваа инвестиција е од огромно значење бидејќи ќе обезбеди светла иднина за над 500 фамилии во Велес. Со околу 75 милиони евра годишен извоз од високо-технолошки производи, Македонија и Велес стануваат места кои обезбедуваат перспектива за мултинационални компании.

Германска Marquardt објави инвестиција вредна 35 милиони евраГерманската компанија Marquardt, познат добавувач во автомобилската индустрија, ќе гради фабрика во Велес за производство на електронски продукти со висока технологија како составни делови на германски автомобили.

За таа цел во четвртокот во Скопје, во присуство на премиерот Никола Груевски, министерот задолжен за странски инвестиции, Веле Самак, потпиша договорот со потпретседателот за финансии на Групацијата Marquardt, Луџер Шонекер, тежок 35 милиони евра и кој ќе донесе нови 500 вработувања.

„Зборот кој го дадовме во март се исполнува. Оваа инвестиција е од огромно значење бидејќи ќе обезбеди светла иднина за над 500 фамилии во Велес. Со околу 75 милиони евра годишен извоз од високо-технолошки производи, Македонија и Велес стануваат места кои обезбедуваат перспектива за мултинационални компании", истакна министерот Самак.

„Ние сме убедени дека ја донесовме вистинската одлука со изборот на Македонија за нашата следна фабрика. Во Македонија најдовме висок број на доброобразовани и мотивирани луѓе, добра средина за нашата инвестиција поддржана од бизнис-ориентираната Влада. Централната поставеност на земјата во југоисточна Европа во голема мера ја олеснува доставата до нашите други фабрики и клиенти", потенцираше Шонекер.

Фабриката ќе се гради во Велес на површина од 10 хектари со производствен погон од 16.000 метри квадратни. Градбата ќе започне во март 2014 година, а се очекува фабриката да започне со производство во првиот квартал од 2015 година. Со оваа инвестиција покрај директните ќе се отворат и голем број на индиректни работни места поврзани со логистички, услужни и други потреби на компанијата во текот на производството.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik